Најголемата јапонска банка „Mitsubishi Financial Group“ во текот на фискалната 2014-2015 година оствари историски нето профит поголем од 1.000 милијарди јени (осум милијарди евра).
Банката во наредната година очекува пад на нето профитот на 950 милијарди јени, пренесува агенцијата АФП.
Меѓу 1. април 2014 година и 31. март 2015 година, јапонската групација забележала раст на нето профитот од 0,5 проценти на 1.033,76 милијарди јени.