17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG по подолго време ќе има смартфон со Windows Phone

LG по подолго време ќе има смартфон со Windows Phone

LG WIN 99

По околу пет години прекин, „LG“ повторно ќе нуди паметен телефон кој користи „Windows Phone“. Новиот модел се нарекува „Lancet“ и е дел од палетата на американскиот мобилен оператор „Verizon“.

Смартфонот според цената е насочен кон средната класа. Уредот располага со 4.5-инчен „IPS“ екран со резолуција од 854х480. Процесорот е 4-core Qualcomm Snapdragon 410, а засега оперативната меморија останува непозната. Вградената меморија е 8GB, но има и слот за „microSD“ картички.

lg-lancet

„Lancet“ има „8MP“ камера на задната старана и „VGA“ камера на предната страна. Вградената батерија има капацитет од 2100mAh. Телефонот поддржува и „4G LTE“. Цената во „Verizon“ ќе е 120 долари, но се уште нема информации за меѓународното присуство на моделот.

Оперативниот систем е „Windows 8.1“ и доаѓа со последната надградба. На располагање е и гласовниот асистент „Cortana“. Освен тоа уредот користи и некои од функциите на „LG“, како „KnockOn“ за отклучување на екранот со допир, „Gesture Shot“ за преземање на слики со гест на раката и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП