2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕмотивно збогување на Мајнц од Новески

Емотивно збогување на Мајнц од Новески

aza

Поранешниот македонски репрезентативец Николче Новески го одигра својот последен натпревар во дресот на Мајнц пред домашната публика. Во моментот кога тој беше заменет во 88.минута целиот стадион во Мајнц со стоечки овации го испрати Македонецот.

Фановите на Мајнц со кореографија се простија од својот миленик: „Новески, Новески“. Капитенот на Мајнц имаше и шанса за гол во 56. минута, но неговиот шут заврши над противничкиот гол.Фановите му посветија и кореографија на Новески на која пишуваше: „11 Години, 345 натпревари, 13 погодоци, рекордер за автоголови, рекордер за настапи во Европските купови…Ти благодариме за се Николче Новески“.

Инаку прошталниот меч пред домашната публика Новевски го одигра против Келн, а Мајнц забележа победа од 2:0.

Новески во Мајнц пристигна во 2004 година и на 306 натпревари има одиграно 12 голови, дресот на македонската репрезентација го носел на 64 натпревари на кои постигнал пет голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП