22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите и ракометарките на Вардар триумфираа во Купот

Ракометарите и ракометарките на Вардар триумфираа во Купот

vardar-kup

Ракометарите на Вардар го освоија Купот на Македонија со победата над Металург од 26:22 (13:11). Вардар, во саботата, ја освои десеттата титула во Купот, додека Металург остана на пет.

Радоста во семејството на Вардар ја надополнија и ракометарките кои убедливо ја освоија Куп титулата со победата над Металург од 34:16 (17:11) и стигнаа до третата титула во ова натпреварување.

Стојанче Стоилов е прогласен за најдобар играч на финалето, а неговите колеги Алекс Душебаев и Петар Ангелов ги добија наградите за најдобар стрелец и голман.

Кај дамите МВП на финалето е Андреа Пенезиќ, нејзината колешка од ЖРК Вардар Амадин Лејно е најдобар голман, а Ивана Саздовски од Металург го доби признанието за најдобар стрелец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП