17 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПроизводителите на смартфони заинтересирани за новиот процесор на MediaTek

Производителите на смартфони заинтересирани за новиот процесор на MediaTek

mediatek 00

Како што во последниот свој извештај наведува „Digitimes“, производителите на смартфони веќе се заинтересирани за процесорот со десет јадра на „MediaTek“- „Helio X20“.

Индустрискиот извор, кој го цитира оваа публикација, наведува дека производителите меѓу кои се „Sony“, „LG“, „HTC“, „Lenovo“, „Meizu“, „ZTE“, „Huawei“ и „Xiaomi“, се заинтересирани за вклучување на процесорот „MediaTek Helio X20“ во своите идни производи.

Понудата на „MediaTek“ ќе биде главно насочена кон ниската и средната класа на уреди, каде оваа компанија значително го зголеми пазарниот удел во последните неколку години.

Покрај серијата „Helio“ на мобилни процесори, „MediaTek“ сака да се пробие и на „high-end“ пазарот, а ние веќе пишувавме дека се очекува следната година да биде година на телефони кои ќе користат процесори со десет јадра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП