2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали следниот iPhone ќе ја има ознаката Air? (видео)

Дали следниот iPhone ќе ја има ознаката Air? (видео)

air iphone22

Следниот смартфон на „Apple“ би можел да биде дел од линијата „Air“ и да биде со помали димензии, доколку оваа компанија излезе во пресрет на очекувањата на некои аналитичари.

Иако „Apple“ нема објавено никакви детали за своите планови, симпатизерите направија видео со т.н. „iPhone Air“.

Имено, уште во септември започнаа да кружат гласини за тоа дека „Apple“ планира да лансира телефон со помали димензии.

Италијанската компанија „SET“, инспирирана од „iPad Air“, направи можно решение за новиот предводник на компанијата од Купертино.

„Направивме само полесна верзија на „iPhone 6“, со мали промени во дизајнот. Нашиот „iPhone Air“ е помал од актуелниот модел. Во предвид ја имавме оргиналната реклама за „iPad Air 2““, велат од „SET“.

Тие веруваат дека новиот телефон би можел да има „HD“ екран со резолуција од 1920×1080, камера од 13 мегапиксели, капацитет од 32 односно 64 GB и батерија од 3.200 mAh.

Оперативниот систем веќе постои во „Apple Watch“ и новиот „Macbook“ лаптоп. Се очекува дека новиот „iPhone“ кој би требало да биде претставен во септември, ќе го наследи алуминиумското куќиште и бојата од розево злато од часовникот на „Apple“.

Кога станува збор за нешто покреативни предвидувања, аналитичарот Минг Чи Куо вели дека очекува телефон со димензии од 4,7 и 5,5 инчи ќе влезе во сериско производство на крајот на август и смета дека помали телефони нема да бидат претставени оваа година.

Се предвидува дека ќе има и телефони кои имаат „Force Touch“ технологија, која ја препознава силината на притискање на екранот.

Исто така, се очекува новиот телефон да има „A9“ процесор со 2GB RAM и камера од 12 мегапиксели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП