4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW M6 со 1001 КС (фото)

BMW M6 со 1001 КС (фото)

b g power

Најмоќниот автомобил на „G-Power“ е „BMW M6“ од претходната генерација „E63“. Машината развива импресивните 1001 КС и е создадена по нарачка на клиент од Обединетите Арапски Емирати.

Спортското купе било подложено на големата трансформација, благодарение на која оригиналната моќ на 5,0-литарски „V10“ мотор е зголемена речиси двојно. По поставување на систем со двоен компресор и издувен титаниумски систем, моќноста достигнува 1001 КС при 8.000 врт/мин. Вртежниот момент е зголемен до 900 Nm, а е достапен при 6000 врт/мин.

b g power1

Доработеното „BMW M6“ кое има заден погон, е способно на спринт од место до 100 км/час за 4,3 секунди. Поимпресивни се показателите за забрзување од 0 до 200 и од 0 до 300 км/час – односно 9,0 и 21,5 секунди. Максималната брзина пак достигнува 370 км/час.

Клиентот посакал и карактеристична визија која „G-Power“ ја обезбеди преку бодикит, изработен од карбон. Системот на сопирачки се потпира на предни дискови со големина од 400 мм, а тркалата се 21-инчни „HURRICANE RR“.

b g power2

Што се однесува до внатрешноста, тој исто така е темелно преработен. Се гледаат „LED“ осветлувања, тапацир од алкантара и карбонска кожа, спортски седишта со основа од карбон, нови апарати и брзиномер, кој укажува максимална брзина од 400 км/час.

Од „G-Power“ не ја откриваат цената на проектот. Името на сопственикот исто така, останува тајна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП