24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на „Триглав“ зголемена 22 отсто

Добивката на „Триглав“ зголемена 22 отсто

triglav (1)222

Групацијата „Триглав“ во првиот квартал од годината оствари нето добивка од 31,1 милиони евра што е претставува зголемување за 22 отсто во однос на истиот период лани.

Според првичните резултати кои беа објавени денеска, компанијата остварила бруто полисирана премија од осигурување и со-осигурување во износ од 260,1 милиони евра, што претставува раст од два отсто.

Доследното спроведување на стратешката политика на групацијата „Триглав“ имаше влијание на успешното работење на групацијата во првите три месеци од оваа година, се вели во соопштението на компанијата.

Деталните податоци за работењето  во првиот квартал од 2015-та година, согласно финансискиот календар на компанијата, ќе бидат објавени во петок, 22-ри мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП