3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУслугата Samsung Wallet ќе биде исклучена на 30-ти јуни

Услугата Samsung Wallet ќе биде исклучена на 30-ти јуни

samsung-wallet-1

Како што се наближува претставувањето на сервисот за мобилно плаќање „Samsung Pay“, корејската компанија одлучи дека е време да го исклучи својот сервис „Samsung Wallet“.

„Samsung“ моментално преку електронска порака ги известува корисниците на „Samsung Wallet“ дека сервисот ќе биде затворен на 30-ти јуни, но официјално, причината за оваа одлука не е објавена.

Нормално, не треба многу да се заклучи дека „Samsung“ со овој чекор отвара простор за претсојниот сервис за мобилно плаќање. Сите карти или резервации кои корисниците ги купиле преку „Samsung Wallet“ ќе бидат достапни и по неговото затворање, но се останато (како што е креирање на нови резервации) ќе бидат стопирани по 30-ти јуни.

Во овој момент нема прецизни информации колкав е бројот на корисници на „Samsung Wallet“, но имајќи ги во предвид амбициозните планови поврзани со „Samsung Pay“, затворањето на овој сервис беше неизбежно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП