21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAudi дојде до лидерската позиција кај премиум-производителите

Audi дојде до лидерската позиција кај премиум-производителите

b audi 33

Резултатите од глобалната продажба на нови автомобили во април покажуваат дека „Audi“ е најпопуларниот производител на луксузни модели во светот, објави агенцијата „Bloomberg“.

Компанијата од Инголштат го претекна големиот конкурент „BMW“, така што има продадено 152.800 возила. Тоа е зголемување за 2,8% во споредба со показателите од април претходната година. Резултатот е со 4.000 единици поголем од оној на BMW (148.800), каде што исто така има зголемување во споредба со минатата година со 5,6%.

Постигнувањето на „Audi“ се должи најмногу од продажбата на новите „Q5“ и „Q7“ на американскиот пазар. Најголем пораст сепак забележа „Mercedes-Benz“, кој има продадено 148.000 примероци во минатиот месец. Тоа е за цели 11% повеќе во споредба со резултатот на компанијата од април 2014-та година.

Вкупните резултати за првите 4 месеци покажуваат дека лидер продолжува да биде „BMW“ со вкупно 600.400 нови автомобили. Интересно е дека со сериозен интерес продолжува да се користи предводник на брендот „Series-7“, чија генерација ќе биде заменета до крајот на годината. Добро се продава и „Series-2 Gran Tourer“.

Второто место е за „Audi“, кој од јануари до април реализирал 591.000 продажби (зголемување од 5,2%), а на трето е „Mercedes-Benz“ со 577.600 единици (зголемување за 14%).

Генерално, сепак резултатите на големата тројка за април се пониски од оние во март. Во третиот месец од годината „BMW“ има 195.000 единици, додека следниот „Mercedes-Benz“ има остварено продажба на 183.400 возила. На третата позиција е „Audi“ со 177.900 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП