6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC J Butterfly 3 официјално преставен во Јапонија

HTC J Butterfly 3 официјално преставен во Јапонија

baterflay

„HTC“ во Јапонија официјално претстави посебна, прилагодена верзија на „HTC One M9“, „HTC One J Butterfly 3“, која во однос на „M9“ има екран со поголема резолуција и подобри камери, а наместо металното доаѓа со пластично куќиште.

Телефонот на јапонскиот пазар ќе се појави во текот на јуни, а подоцна и на други пазари, но не треба премногу да се надеваме дека ќе биде достапен за продажба надвор од Азија.

Што се однесува до карактеристиките, „Butterfly 3“ има 5,2-инчен „Quad HD“ екран со густина на приказ од 565 ppi, осумјадрен „Qualcomm Snapdragon 810“ процесор, 3 GB RAM, 32 GB простор за чување податоци кој може да се прошири со „microSD“ картичка, како и батерија од 2700 mAh.

Тука е и 20.2 мегапикселната задна камера со двојна леќа, а предната камера е погодна за снимање на „селфи“ фотографии затоа што има 13 мегапиксели.

Постои поддршка за аудио формати во висока резолуција до 24 bit / 192kHz, 802.11ac Wi-Fi, Bluetooth 4.1, NFC, 4G LTE , како и WiMAX 2+. Oперативниот систем е „Android 5.0 Lollipop“ во комбинација со интерфејсот „Sense 7“.

Телефонот ги исполнува стандардите „IPX5“ и „IPX7“, што значи дека е отпорен на влијание на вода и прашина, а на пазарот ќе биде достапен во црвена, бела и сина боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП