10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром предлага дивиденда од 90 отсто од добивката

Газпром предлага дивиденда од 90 отсто од добивката

gazprom 229

Раководството на рускиот гасен гигант Газпром му предложи на Собранието на акционери, кое треба да се одржи на 26 јуни, да донесе одлука за исплата на дивиденда во износ од 7,2 рубљи по акција.

Станува збор за исто изноз на дивиденда како и минатата година.

За исплата на дивидендата се предлага да бидат насочени 90,2 отсто од нето добивката на Газпром за 2014 година.

Добивката на рускиот енергетски гигант Газпром во минатата година изнесуваше 159 милијарди рубљи (околу три милијарди долари), што е намалување за 86 отсто во однос на 2013 година при пад на курсот на рубљата и спорот со украинскиот енергетски гигант Нафотгаз.

Аналитичарите истакнуваат дека врз падот на добивката влијаела и комбинацијата од благи температури и ниската цена на нафтата, што придонесе за пад на побарувачката во Европа, клучен пазар на Газпром.

Продажбата на Газпром е зголемена од 5.250 на 5.590 милијарди рубљи, а овој раст првенствено се должи на падот на рубљата што ги зголеми приходите во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП