18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкото колебање ја „убива“ Европа

Грчкото колебање ја „убива“ Европа

grcija evra 330

Неуспехот на Грција во постигнување на договор со кредиторите би можело земјата да ја турне во нова длабока рецесија, па така да се загрози перспективата за раст во регионот на централна Европа.

Во извештајот се наведува дека економијата на Грција, која минатата година регистрираше раст од 0.8 проценти, би требало во оваа година да има нулта раст, а во 2016-та раст од два отсто, под услов Атина да постигне договор со останатите членки од Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за одблокирање на исплатата на преостанатата транша од кредитот од 7.2 милијарди евра.

„Меѓутоа, во случај на негативно сценарио, оваа прогноза ќе биде целосно неважечка“, се наведува во извештајот, и се додава дека доколку не се платат долговите, воведување на контрола на капиталот, ограничувањето во подигнување на депозит, Грција веројатно ќе падне во уште подлабока рецесија, чиј обем и траење во овој момент тешко може да се процени.

Секоја флуктација поврзана со Грција, како што оценува „ЕБРД“, ќе ги загрози позитивните трендови во регионот на централна Европа и Балтикот (ЦЕБ), за кои прогнозите за предвиден раст се ревидирани најмногу, благодарејќи на иницијативите на Европската централна банка и позитивните ефекти од падот на цената на нафтата.

Земјите од „ЦЕБ“ оваа година ќе остварат раст од 2.9 отсто, наместо претходно предвидените 2.6 проценти, а во 2016-та година растот ќе биде од 3.0 посто. Најбрзорастечка економија во тој регион ќе има Полска (раст oд 3.4 oтсто), Унгарија (2.6 проценти), Словенија (2.0 посто) и Словачка (2.8 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП