6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов, поевтин руски смартфон излегува на пазарот (фото)

Нов, поевтин руски смартфон излегува на пазарот (фото)

bel yota

Рускиот производител на паметни телефони со два екрана „Yota Devices“, во чие портфолио влегуваат моделите „YotaPhone“ и „YotaPhone 2“, претстави нова ажурирана верзија на популарниот модел.

Ограничената серија од смартфонот кој ќе е во бела боја, е со 4.7-инчен „e-ink“ дисплеј, како и со надградениот софтвер „YETI UI“ кој дозволува режим „секогаш вклучен“. Новата верзија овозможува многу полесно управување на задниот екран.

bel yota1

Една од најинтересните карактеристки е визуелизација на различни слики на екранот позади. Новиот уред ќе им овозможува на корисниците непрекината врска со електронската пошта, како и лесен пристап до спортски апликации.

За љубителите на социјалните мрежи ќе има можност за визуелизација на целиот заден екран на апликации како „Twitter“, „Facebook“ и „Instagram“. Компанијата ќе предложи и фитнес апликација.

bel yota3

Надвор од наведените функции, употребата во поголем степен на задниот екран за често користење на мобилните апликации значително го зголемува животниот век на батеријата. Портпаролот на компанијата изјави дека новиот софтвер ќе го продолжи користењето на уредот до два дена при константна употреба, што е речиси три пати повеќе од смартфоните со најиздржливи батерии.

bel yota2

Главниот екран е со оперативен систем „Android 5.0“ (Lollipop), кој овозможува уживање на неограничени можности на популарната платформа. Сериозна промена се забележува и во однос на цената, освен промена на бојата. Таа е 680 долари во однос на 800 долари за моделот „YotaPhone 2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП