18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПотврдено претставувањето на 488 GTS во Франкфурт

Потврдено претставувањето на 488 GTS во Франкфурт

spajder

Медиумите открија дека „Ferrari“ за време на одржувањето на годинешниот саем за автомобили во Франкфурт ќе ја претстави „Spider“ верзијата на моделот „488 GTB“.

Тоа што засега е познато е дека моделот „488 GTS“ ќе го карактеризира 3.9L V8 twin-turbo мотор кој генерира 670ks излезна моќ и 760Nm вртежен момент.

Овие вредности се многу блиски до оние кои ја одликуваат купе верзијата, а за забрзување до 100km/h и се потребни 3 секунди, додека максималната брзина која може да ја развие изнесува 330km/h.

spajder1

„Ferrari“ исто така го подготвува и моделот „488 GTB Scuderia“ кој ќе го одликува помала вкупна маса, подобрена моќност, агресивна каросерија, како и други хардверски подобрувања.

Засега не е познато кога „Ferrari“ ќе го претстави овој модел, но се претпоставува дека тоа ќе биде некаде пред 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП