6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid One веќе и во Европа

Android One веќе и во Европа

an one

Денес од „Google“ во Европа го претставија првиот паметен телефон со оперативен систем „Android One“, а уредот ќе почне да се продава во Турција.

Дебито во Турција е дел од програмата за ширење на оперативниот систем, овозможувајќи продажба на паметни телефони со пониски цени. Досега овој оперативен систем е достапен на седум пазари.

Уредот е со подобри технички карактеристики од досега презентираните смартфони со оперативниот систем на „Google“. Тој е произведен во соработка со „General Mobile“ и е првиот 4G-уред со сличен оперативен систем.

an one1

Смартфонот е со 5-инчен „HD“ дисплеј со резолуција од 720 пиксели и „Gorilla Glass 4“, процесорот е „Qualcomm Snapdragon 410“, а оперативната меморија е од 2 GB. Задната камера е 13-мегапикселна, а предната од 5 мегапиксели.

„Нашата цел со оперативниот систем „Android One“ е да им дадеме на корисниците уред со добри можности и висок квалитет по прифатлива цена“, се вели во соопштението на „Google“.

Цената на уредот ќе биде околу 260 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП