5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМората го однесе Јувентус во финалето на ЛШ

Мората го однесе Јувентус во финалето на ЛШ

e2bbd69c-a3df-46db-9f15-89b6a2c20345-620x372

Јувентус дефинитвно се врати во врвот на европскиот фудбал откако избори пласман во финалето во Лигата на шампионите. Јувентус во полуфиналниот реванш против Реал во Мадрид одигра 1:1 и благодарение на победата во првиот меч од 2:1 се избори за своето прво финале по пауза од 12 години. Јувентус во финалето на 6.јуни во Берлин ќе игра против Барселона.

Екипата на Јувентус последен пат во финалето играла во сезоната 2002/2003 кога во финалето загуби на пенали од Милан. „Старата дама’ по осми пат ќе игра финале во Лигата на шампионите, а досега има освоено две титули во 1985 и 1996 година.

Реал не успеа да се избори со проклетството на европскиот шампион, ниту еден тим од како ЛШ се игра во овој формат (сезона 1992/1993) ниту еден тим не ја одбранил титулата. Покрај тоа осми пат ‘кралскиот клуб’ не успеа да мине во финалето откако загубил во првиот полуфинален дуел.

ЛШ беше последната шанса за Реал да стигне до трофеј оваа сезона, што значи дека во преодниот рок ќе има кадровски промени, а не е исклучено ниту заминувањето на тренерот Анчелоти.

Мадридскиот великан од полуфиналето го елиминираше неговото дете, Алваро Мората, младиот Шпанец кој минатото лето од Реал се пресели во Јувентус го постигна првиот гол на првиот меч во Торино, а беше стрелец и на израмнувачкиот гол во Мадрид.

Мората погоди во 57.минута по лошата реакција на одбраната на Реал која му дозволи да ја прими топката и од 10 метри да го совлада Касиљас. Претходно Реал стигна до предност со голот од пенал кој Роналдо го постигна во 23.минута.

Реал офанзивно г започна мечот, ја имаше иницијативата и веќе во петтата минута Бензема пропушти одлична гол шанса.

Иако Реал имаше иницијатива впечатокот беше дека Јувентус има контрола врз натпреварот се до 23 минута кога по дуелот на Родригез и Кјелини судијата покажа на белата точка.

Роналдо го изведе пеналот, не ја повтори грешката од натпреварот со Валенсија, го сочека Буфон да одбере страна и потоа пласираше во предината на голот.

До крајот на полувремето Роналдо имаше можност посериозно да се закани, но наместо да шутира тој се репи за асистенција и шансата за гол пропадна.

Јувентус беше тимот кој порешително тргна во второто полувреме и таквата нивна определба вроди со плод во 57.минута кога Мората сурово ја казни индолентноста на одбраната на Реал.

До крајот Реал напаѓаше бидејќи Јувентус свесно му ја препушти топката, но тие напади најчесто беа безидејни, а најголемата можност за постигнување на гол ја имаше Бејл кога по центаршутот на Роналдо од изгледна позиција упати удар над голот.

Шансите на мечот ги имаа играчите на Јувентус, Маркизио кој иако беше сам пред Касиљас не успеа да го совлада шпанскиот репрезентативец и Погба кој во финишот биеше директно во голманот на Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП