6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТаблетот MediaPad M1 доби наследник

Таблетот MediaPad M1 доби наследник

m 2 media

„Huawei“ претстави нов модел на таблет од серијата „MediaPad M“. Бидејќи овој модел е наследник на минатогодишниот „MediaPad M1“ и самото име е незначително променето во „MediaPad M2“. Но, вистинските промени се сокриени од очите, а се однесуваат на вградениот хардвер кој очекувано е помоќен и побрз од тој што го има „M1“ моделот.

Екранот ги задржа своите претходни димензии од 8-инчи, но подобрена е неговата резолуција, па сега „M2“ располага со екран кој има 1.920 x 1.200 пиксели, додека резолуцијата кај „M1“ беше само 1.280 x 800 пиксели. Исто така внатре во куќиштето е сместен и нов, воедно и побрз процесор „Kirin 930“ кој работи на такт од 2 GHz.

Што се однесува до работната и меморијата за чување податоци и тука е забележан напредок – 2 GB RAM и 16 GB. Потсетуваме дека „M1“ на пазарот се појави со 1 GB RAM и 8 GB интерна меморија. Доколку ова зголемување на просторот не ви е доволен, истиот можете многу лесно да го зголемите со вметнување на мемориска картичка со „microSD“ формат.

Подобрувањата не ги заобиколија ниту камерите, па предната сега има резолуција од 2 MP (M1 – 1MP), додека задната напредуваше од 5 мегапиксели (М1) на 8 мегапиксели. Батеријата го задржа претходниот капацитет од 4.800 mAh, но затоа софтверот е во новото издание, наместо „Android“ верзијата „4.2.2.“, „Huawei MediaPad M2“ ја има „Android 5.0.“, oдносно верзијата „Lollipop“.

M2“ доаѓа со поддршка за „LTE“ мрежите, како и „NFC“, „Wi-Fi“, „Bluetooth“ и „GPS“ технологијата. За крај можеме да кажеме дека „Huawei“ ја намали и дебелината и тежината на уредот, па новиот „M2“ има дебелина од 7,8 милиметри и тежина од 310 грама.

Цената на уредот е 349 евра, а на европскиот пазар (Франција) по најавената цена би требало да се појави во текот на идниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП