20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНестабилноста на рускиот пазар го притисна Carlsberg

Нестабилноста на рускиот пазар го притисна Carlsberg

carlsberg dobivka

Данската пивара „Carlsberg A/S“ објави загуба за првиот квартал, притисната од зголемената несигурност и нестабилност на рускиот пазар на пиво, пренесува „MarketWatch“.

Четвртиот најголем производител на пиво во светот објави нето загуба за трите месеци, заклучно со 31-ви март во износ од 90 милиони дански круни (13.49 милиони долари) во споредба со загубата од 67 милиони круни во истиот квартал во 2014-та година. Аналитичарите очекуваа во првиот квартал нето добивка од 11 милиони круни.

„Carlsberg“ ја задржи својата прогноза за раст на оперативната добивка до висока едноцифрена стапка за 2015-та година и истакна дека обемот на продадено пиво се зголемил во Западна Европа и Азија.

Продажбата во првиот квартал достигнаа 13.47 милијарди круни, или 4,4% повеќе од 12.9 милијарди круни година порано. Исклучувајќи ги еднократните ефекти, оперативната добивка, пак, беше 661 милиони круни, наспроти 453 милиони круни во првиот квартал од 2014-та година.

„Carlsberg“, лидер во продажбата во Русија, изјави дека рускиот пазар на пиво се намалил за околу 9% во текот на кварталот. Пиварата посочи дека успеала во голема мера да го ублажи падот на испораките на пиво во Русија со пораст на цените. Сепак нето приход во Источна Европа се намалил за 30% како резултат на значителното негативно влијание на девизните измени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП