20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

Imagen 098

Најнови вести од светот 14.03.2013
Париз – Во Франција лани укинати се 100.000 работни места, од тие 29.400 во индустрискиот сектор, соопшти Заводот за статистика во Франција. Најлоша состојба била во трговскиот сектор во 2012, каде биле отпуштени дури 99.500 луѓе, повеќе за 0,6 отсто од 2011, што е рекорд од 2009 година. Голем број на откази забележан е во градежништвото каде се укинати 13.800 работни места, иако тоа за 1 отсто е помалку од 2011 година.

Љубљана – Бонитетната агенција Мудис го намали кредитниот рејтинг на најголемата словенечка банка НЛБ на ЦАА2 од Б2, со негативна прогноза, наведувајќи ги како причина загубите и потребата за свеж капитал. – Кредитниот профил на НЛБ дополнително е ослабен од потребата на дополнителна инекција на капитал за соодветноста на капиталот да биде над границите на Европската банкарска агенција – наведе Мудис. Проблемот во словенечките банки, кои банкротираат поради огромни ненаплатливи кредити, покренаа шпекулации дека на Словенија, порано примерна членка на ЕУ, ќе и треба меѓународна финансиска помош.

Париз – Генералниот директор на француската компанија Рено Карлос Госн и претставниците на трите водечки синдикати потпишаа договор за конкурентност со кој се предвидува откази на 7.500 вработени како и продолжување на работното време. – Рено и три највлијателни синдикални организации потпишаа договор кој е многу важен за социјалните преговори во Франција – рече првиот човек на Рено. – Се работи за праведен договор, кој на Рено ќе овозможи да стане конкурентна компанија во Франција – додаде Госн.

Братислава – Меѓугодишната инфлација во Словачка во февруари падна, на 2,2 од 2,4 отсто во јануари. На месечно ниво, цените во февруари, во однос на јануари останаа непроменети, соопшти Статистичкиот завод на Словачка. За една година најмногу пораснале цените на образованието 6,6 отсто, храната и безалкохолните пијалоци 3,6 отсто, алкохолот и цигарите 3,4, хотелски и ресторански услуги 2,7, рекреација и култура 2,3 отсто. Само на превозот цените се исти, останати на ланското ниво.

Берлин – Најголемата германска енергетска компанија Е.ОН соопшти дека во 2012 остварила нето профит од 2,21 милијарда евра, во однос на загубата од 2,21 милијарди од претходната година. Нето профитот со пресметани еднократни ефекти скокна за 67 отсто на 4,18 милијарди евра, наведува компанијата. Профитот на работењето пред одземањето на камати и даноци, е зголемен за 16 отсто на 10,78 милијарди евра, а приходите пораснале за 132,09 милијарди евра, наведе Е. ОН. Извршниот директор на компанијата Јоханес Тејсен го опиша работењето на компанијата како солидно.

Токио – Водечките јапонски производители на автомобили на работниците ќе поделат големи годишни бонуси, бидејќи слабиот јен позитивно влијаеше на деловните резултати. Покрај тоа, официјален Токио, ги повика фирмите на работниците да им ги зголемат платите, од кое корист ќе има целокупната економија. Најголемиот јапонски производител на автомобили Тојота, соопшти дека ќе ги прифати барањата на синдикатот за зголемување на бонусите, додавајќи дека и платите ќе ги зголеми за околу 10 отсто на просечни 21.000 долари годишно. Бонуси ќе примаат и работниците во фабриките и канцелариските службеници и тие ќе бидат најголеми во последните пет години, наведе Тојота.

Мадрид – Најголемиот светски производител на облека, шпанската групација Индитекс, инаку сопственик на синџирот продавници Зара, оствари лани раст на нето профитот од 22 отсто, поради ширењето во источна Европа и онлајн продажбата во Канада и Кина. Индитекс наведува дека ланскиот профит е зголемен на 2,36 милијарди евра, додека приходите пораснале за 16 отсто на 15,9 милијарди. Компанијата отвори 482 нови продавници во 2012 година, со што бројот на продавниците во светот се зголеми на 6.009. Индитекс додаде дека пред крајот на 2013 планира да отвори онлајн продавници од ланецот Зара во Русија. Индитекс во 1975 ја основал Амансио Ортега, а компанијата има осум брендови, вклучувајќи ги Масимо Дути, Бершка, Пул енд Бер и Ојшо.

Прага – Чешката влада одобри продажба на 44 отсто удел во државната авионска компанија Чешке аеролиније на корејскиот превозник Кореан ер. Договорот треба да се потпише на 9 април, рече за агенцијата ЦЦТК извор запознат со преговорите на владата. Кореан ер за малцинскиот удел во ЦЦСА понуди 67,5 милиони круни (2,6 милиони евра). Вредноста на целата компанија ЦЦСА, според проценка на агенцијата Ернст и Јанг е 148 милиони круни или 5,8 милиони евра, така според оценката на експертите, цената што ја понудија Корејците одговара на вредноста на продаваниот удел. Покрај Кореан ер, за ЦЦСА беше заинтересиран и Катар ервејс, но тој не достави понуда за купување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП