24 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Group ja враќа довербата во Seat

Volkswagen Group ja враќа довербата во Seat

New-Seat-Leon-ST7[2]

Шпанскиот производител на автомобили „Seat“ ќе добие сериозна финансиска поддршка од „Volkswagen Group“. Германскиот концерн ќе инвестира 4.2 милијарди евра до 2019-та година во операции на територијата на Шпанија.

Од информациите кои се појавија од концернот, станува јасно дека ова е најголемата индустриска инвестиција во историјата на земјата. Еден дел од парите ќе бидат насочени за модернизација на фабриките на „Volkswagen“ и „Seat“ во Шпанија, а другиот ќе оди за нови модели.

Во моментов не е познато за какви точно нови модели станува збор, а од „Volkswagen Group“ посочуваат дека тие се развиваат во моментов и ќе бидат предмет на идни соопштенија од компанијата.

Едно е јасно – „Volkswagen Group“ ја враќа довербата во „Seat“. Шпанската марка бележи загуби на концернот од 2005-та година па наваму, а едвај минатата година забележа раст во продажбата.

Концернот размислуваше дури за ликвидирањето на брендот, но наместо тоа му обезбеди нови модели преку кои „Seat“ почна да се враќа на старите позиции на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП