16 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia денеска прославува 150 години постоење (фото+видео)

Nokia денеска прославува 150 години постоење (фото+видео)

noki android 24

Патувањето на „Nokia“ официјално започна пред 150 години заедно со рударскиот инженер Фредерик Идестам, што се случи на 12-ти мај 1865-та година.

150 години подоцна, „Nokia“ се уште е сила на која може да се смета, иако го смени својот фокус од мобилни телефони во некои други области. Името на компанија која долго време владееше со светот на мобилните има едноставна приказна.

nokia 000

Фредрик Идестам, основачот на компанијата, го отвори својат втор милн на реката „Nokianvirta“, и тоа го инспирирало за името на компанија „Nokia Аb“ во 1871-ва. Од нешто поново време, може да се потсетиме дека телефон на „Nokia“ се користеше за првиот „GSM“ повик, и дека компанијата од Финска влезе на пазарот со телекомуникациска опрема во 1960-та година.

На индустрија беа потребни околу 30 години да се развие, но во 1991-ва година првиот „GSM“ повик е поврзан со телефони на „Nokia“ и со мрежа изградена која беше изработена токму од компанијата. Кон крајот на деведесетите од минатиот век, „Nokia“ одлучи телекомуникациите да бидат јадрото на нивното работење, и тоа се покажа како добра одлука.

nokia 0001

Откако беше купена компанија специјализирана за мапи, „Nokia“ во 2012-ра го стартуваше сервисот „Here“. Сепак, минатата година „Nokia“ и конечно го продаде своето одделени за уреди и сервис на „Microsoft“ и така повторно започна со испишување на нови страници во својата историја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП