6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОваа година ќе пристигнат два модели на Nexus ?

Оваа година ќе пристигнат два модели на Nexus ?

nexusss 222

Во последните неколку месеци, повремено се појавуваше некоја нова информација (шпекулација) во врска со смартфоните „Nexus“. Па така на почетокот на март дознавме дека „Google“ би можел да ја промени досегашната пракса и оваа година да претстави дури два различни „Nexus“ модели.

Од првиот ден во игра се два големи производители на паметни телефони – кинеската компанија „Huawei“, како и јужнокорејската компанија „LG“ која во минатото веќе соработуваше со „Google“ во изработката на моделите „Nexus 4“ и „Nexus 5“.

Најновите гласини поврзани со „Nexus“ говорат дека можеме да очекуваме 5.7-инчен и 5.2-инчен модел. „Huawei“ најверојатно ќе биде задолжен за изработката на 5.7-ичниот модел кој ќе има екран со резолуција од 2.560 x 1.440 пиксели и „Snapdragon 810 SoC“. Како резултат на тоа, „LG“ би требало да го произведува малку помалиот 5.2-инчен модел.

И покрај фактот дека во овој момент нема премногу информации, не е тешко да се заклучи дека моделот од „Huawei“ ќе биде годинешниот предводник, а уредот на „LG“ ќе биде „утешна награда“ кој според хардверот најверојатно ќе биде значително послаб, а со тоа и поевтин.

Ваквиот потег (доколку се покаже како вистинит) oд страна на „Google“ можеше да се очекува, затоа што не им одговараат на сите димензиите на минатогодишниот „Nexus 6“, a исто така и цената од 650 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП