18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda и Toyota ќе разменуваат мотори

Mazda и Toyota ќе разменуваат мотори

mazda-toyota

Јапонските производители „Mazda“ и „Toyota“ подготвуваат договор за широка соработка, вклучувајќи и размена на мотори. Ова го објави агенцијата „Reuters“, повикувајќи се на анонимни извори од двете компании.

Според информациите „Mazda“ и „Toyota“ ќе обединат напори и средства за развој на нови мотори, наменети за целосно нова палета еколошки автомобили.

Како дел од договорот „Mazda“ ќе добие пристап до технологијата со водород на „Toyota“, како и до хибридните „plug-in“ мотори на најголемиот производител. Од своја страна „Mazda“ ќе обезбеди моќни бензински и дизел мотори од семејство „SkyActiv“.

Се наведува дека „Mazda“ има започнато сопствен развој на слични технологии, но во крајна линија има во план да ги обедини напорите со „Toyota“.

Двете јапонски компании одбиваат ги коментираат овие информации, но и покрај тоа се очекува договорот да биде официјално претставен, тврди „Reuters“.

„Toyota“ веќе склучи ваков договор за соработка со „BMW“, кој предвидува развој на нови еколошки мотори, хибридните и водородните технологии, платформа за спортски автомобил и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП