22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија предложи Грција да стане шести учесник во банката за развој на...

Русија предложи Грција да стане шести учесник во банката за развој на БРИКС

brics

Рускиот заменик министер за финансии Сергеј Сторчак во телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, дал предлог Грција да стане шестиот учесник во банката за развој на БРИКС.

Во соопштението на грчкото Министерство за финансии се вели дека за време на разговорот со премиерот Ципрас, рускиот заменик министер Сторчак ја поканил Грција да стане шестиот учесник во банката за развој, во која се застапени Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Грчкиот премиер се заблагодарил и изјавил дека детално ќе го проучи предлогот и ќе го разгледа со лидерите на земјите од групата БРИКС на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, што ќе се одржи од 18 до 20 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП