6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфон е третиот најпосакуван електронски апарат за Американците

Смартфон е третиот најпосакуван електронски апарат за Американците

Gadget Show Samsung

Речиси три четвртини од домаќинствата во САД (72%) имаат паметен телефон, уред кој стана трет најпоседуваниот електронски апарат за Американците, покажа истражувањето на „Consumer Electronics Association”.

Првите две места се заземени од телевизорот (97%) и „DVD“ плеерот (78%). Според еден од раководителите на „Consumer Electronics Association“, Стив Коенинг, желбата на корисниците да поседуваат мобилни апарати поврзани со интернет, доведе до многу интересен профил за поседување на електронски апарати во САД.

Истражувањето покажува дека бројот на луѓето кои поседуваат смартфони е зголемен за една година од 64% на 72%.

Таблети исто напредуваат во заземањето на пазарот – од 45% на 54% присуство во американските домаќинства. Лаптопите се на четвртото место (67%), надминувајќи ги фотоапаратите, печатачите, десктоп компјутерите и таблетите.

CEA-OMP-Study-2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП