19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook тестира сопствен пребарувач

Facebook тестира сопствен пребарувач

A view of Facebook's logo May 10, 2012 i

Најголемата социјална мрежа во светот – „Facebook“, потврди дека тестира сопствен пребарувач во рамките на апликацијата, кој ќе им овозможи на корисниците да додадат линк на својот статус, без да го користат „Google“.

Дел од американските корисници на „Facebook“ веќе можат да ја забележат можност за додавање на линк „add a link“ до копчињата за додавање на слики или локација на своите позиции.

Корисникот ќе го воведува бараниот збор или тема и ќе може да избира од понудените линкови за додавање на линк кон статусот. Корисниците ќе можат да гледаат „preview“” на тоа како ќе изгледа нивниот статус.

facebook-add-a-link111111

Нормално досега корисниците го користат „Google“ или „copy-paste“ на адреси кои сакаат да ги додадат во своите статуси. Социјалната мрежа цели да се олесни овој процес и да ги задржи корисниците максимално долго во неа.

„Пробуваме нов начин за додавање на линкови на „Facebook“ кон постовите на потрошувачите и коментарите“, вели портпаролот на компанијата за „TechCrunch“.

Активностите на „Facebook“ е можно да имаат негативно влијание врз најголемиот интернет пребарувач во светот – „Google“.

„Facebook“ има индексирано над 1 илјада милијарди постови, кои биле споделени од страна на корисниците. Ова ќе му овозможи на интернет-пребарувачот во рамките на социјалната мрежа да ги визуелизира во кратко вреем најсподелуваните линкови при пребарувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП