22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКои нови производи и услуги се очекува да ги претстави Apple?

Кои нови производи и услуги се очекува да ги претстави Apple?

ap bloomberg

На големите компании им станува се потешко да ги заштитат своите тајни.

„Apple“ е позната по вештината да го држи пазарот и учесниците во тензија во врска со идните производи. Компанијата сепак исто стана жртва на протекување на информации на интернет само неколку недели пред традиционалната технолошка конференција организирана од неа.

Еве и кои нови производи се очекува да бидат објавени на конференцијата на „Apple“:

„iOS 9“

Најголемата вест најверојатно ќе биде во насока на надградба на оперативниот систем на компанијата – „iOS“. Новата верзија ќе се фокусира на подобрување на тековните функции, вклучувајќи и во насока на усовршување на програмата за контрола на гласот „Siri“.

„iTunes Radio“

Обелоденети пред две години, повторно за време на конференцијата на „Apple“ – „WWDC“, производот се очекува конечно да биде достапен во повеќе земји. Во оваа фаза тој работи само во САД и Австралија. Се очекува да биде промовирана и платена верзија на услугата која ќе вклучува неограничен пристап до песни.

„Beats“

Покрај гласините дека новата верзија на апликацијата „Beats“ нема да биде претставена до јуни, надградба се очекува да биде прикажана за време на конференцијата. Новата верзија на апликацијата се очекува да им овозможи на сегашните корисници да слушаат музика и „офлајн“, а за услугата ќе се плаќа 10 долари месечно.

Повеќе информации најверојатно ќе се појават пред конференцијата, која ќе се одржи помеѓу 8-ми и 12-ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП