22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на Mercedes C-Сlasѕ забележа скок за повеќе од 50%

Продажбата на Mercedes C-Сlasѕ забележа скок за повеќе од 50%

gazi mece

„Mercedes“ во април ширум светот испорача 32.809 примероци од „C-Сlasѕ“ во лимузинска и караван верзија, што е за 53,8 oтсто повеќе од истиот месец во 2014-та година. Благодарејќи на одличната продажба на својот „бестселер“, германскиот производител објави дека во април вкупниот раст на испораките пораснал за 11,3%.

Иако растот од преку 50 проценти делумно е резултат на тоа дека во април 2014-та на некои светски пазари и натаму се продаваше старата „C-Сlasѕ“, најпопуларниот модел на „Mercedes“ постигна значаен успех.

Во месецот кој е зад нас, „Mercedes“ има продадено вкупно 148.072 возила, а секој петти примерок ја имаше ознаката на „C-Сlasѕ“.

На пазарите во САД, Канада и Мексико во април беа испорачани вкупно 33.669 возила на „Mercedes“ (+12,8%).

Рекорд е забележан и во азиско-пацифичкиот регион каде беа продадени 45.034 aвтомобили (+23,3%), додека само во Кина во април се испорачени 27.069 возила на „Mercedes“.

gazi mece1

Кога станува збор за продажбата во првите четири месеци, „Mercedes“ се пофали со добри резултати на некои од своите најзначајни пазари.

Па така во периодот јануари-април 2015-та во Европа се испорачани 251.268 примероци или 12% повеќе во споредба со првите 4 месеци од 2014-та.

Од тој број, 83.339 aвтомобили се продадени во Германија. Британците за истиот период имаат купено 50.196 возила, а тоа претставува раст од 19,1% во однос на јануари-април 2014-та.

Германскиот производител планира ваквиот раст на продажбата да го задржи до крајот на годината, со оглед на тоа дека во тој период на пазарот ќе се појави обновената гама на „SUV“ модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП