20 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft очекува 1 милијарда уреди да користат Windows 10

Microsoft очекува 1 милијарда уреди да користат Windows 10

10 win 000

„Microsoft“ очекува над 1 милијарда уреди да го користат „Windows 10“. Притоа, оперативниот систем ќе ја достигне оваа бројка кај уредите во рок од само три години, коментира шефот на одделот за развој на „Windows“, Тери Мејерсон, цитиран од агенцијата Bloomberg.

Софтверскиот гигант има големи очекувања од новата платформа. Компанијата очекува дека „Windows 10“ ќе им се допадне и на производителите на помали уреди и паметни телефони. Таа има вложено доста напори да ја направи платформата привлечна, така што ќе ја обедини и со продавницата за апликации. Идејата е една апликација да може да работи со „Windows 10“ без оглед на тоа на кој уред се користи. Покрај тоа ќе се воведе и плаќање преку сметката кај мобилниот оператор што ќе им олесни на корисниците во држави во кои кредитните картички не се популарни.

Заедно со останатите новитети кои беа претставени на конференцијата „Build 2015“, „Microsoft“ се надева дека ќе го освои интересот на креаторите на апликации. Ова е една од главните пречки за платформата на софтверскиот гигант, затоа што многу популарни апликации за „Android“ и „iOS“ недостигаат во „Windows Phone“. Со воведувањето на олеснетиот процес за преработка на програмите од конкурентни платформи за „Windows 10“, „Microsoft“ очекува да го промени тоа.

Мејерсон вели дека досега немало нов „Windows“, кој ќе ги натера потрошувачите масовно да сакаат да го инсталираат што е можно поскоро.

„Гледам толку многу луѓе со „Windows 7“, како и на уреди „2-во-1“ и мислам дека платформата има многу поголем потенцијал. Сега се чувствувам поголем оптимист“, коментира Мејерсон и очекува „Windows 10“ да успее да го привлече интересот на луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП