13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМари го збриша Надал и го освои Мастерсот во Мадрид

Мари го збриша Надал и го освои Мастерсот во Мадрид

Andy Murray

Енди Мари го освои Мастерс турнирот во Мадрид, тој во финалето го декласира домашниот миленик Рафаел Надал со 6:2, 6:2.

Мари не беше фаворит против Надал, но со триумфот во Мадрид потврди дека се наоѓа во одлична форма, тој минататанедела победи на турнирот во Минхен.

Триумфот над Надал беше прв по 2011 година за Британецот против овој противник.

Од самиот почеток Мари го наметна својот агресивен стил на игра и во ниту еден момент не му дозволи на Надал да се врати во мечот. Надал личеше на себе само во финишот на првиот сет, кога имаше и брејк топка кога противникот сервираше за 1-0 во сетови.

Првиот сет Мари го добил релативно лесно, на почетокот направи брејк, додека вториот го започна бедливо со дупли брејк.

Мари имаше само 11 директни поени, но и само 14 неизнудени грешки, додека Надал имаше 18 директни поени и 26 неизнудени грешки.

Мари во Мадрид ја освои втората титула оваа година, вкупно 33-та во кариерата.

Што се однесува до Надал тој со поразот во финалето не успеа да ја одбрани титулата што значи дека ќе загуби поени и од понеделник ќе се наоѓа на седмото место на АТП листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП