18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки повторно трети во Европа

Вардарки повторно трети во Европа

lekic_penezic_vardar

Ракометарките на ЖРК Вардар го освоија третото место на завршниот турнир во Лигата на шампионките, откако во ‘малото финале’ во недела славеа над Динамо Синара со 28:26 (16:15). Со оваа победа ракометарките на Вардар го повторија минатогодишниот успех кога, исто така, Ф4 турнирот го завршија на третото место.

Дуелот на поразените екипи во саботните полуфиналиња донесе израмнета борба во текот на целиот натпревар, во кој ниту една од екипите немаше поголема предност од два гола. На крајот пресуди ‘подолгата’ клупа на вардарки, кои полесно ја пребродија елиминацијата во полуфиналето.

Андреа Пенезиќ со девет голови беше најефикасната ракометарка на Вардар, додека кај Динамо се истакна Кочетова со седум голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП