Oд идниот месец европските купувачи ќе имаат можност да изберат меѓу уште еден смартфон од „LG“. Во јуни според моменталните информации треба да се појави и малку поевтина мини верзија на „G4“ уредот – „G4c“.
Спецификациите на уредот ќе бидат значително послаби во однос на оргиналниот „G4“, што може да се заклучи според едната буква додадена во името. Екранот овој пат ќе има дијагонала од 5-инчи, т.е. „само“ „HD“ резолуција од 1280 x 720 пиксели.
Понатаму, во новиот „G4c“ модел ќе биде вграден четиријадрен процесор „Qualcomm Snapdragon 410“ со такт од 1,2 Ghz, а кога станува збор за работната и меморијата за чување на податоци, уредот ќе располага со 1 GB RAM и 8 GB интерна меморија. Овој производител овозможи уредот да добие слот за „microSD“ картичка со која ќе може дополнително да се зголеми просторот за чување податоци.
Што се однесува до вградените камери, „LG“ овој пат се одлучи на задната страна да постави 8 мегапикселна камера која дополнително ја опреми и со „LED“ блиц. На предната страна се наоѓа уред со резолуција од 5 мегапикселим, што секако ќе претставува задоволство за оние кои се љубители на „селфи“ фотографиите.
Покрај стандардната поддршка за „Bluetooth“ и „Wi-Fi“ технологии, „G4c“ доаѓа и со поддршка за „HSPA+“ мрежата, т.е. „NFC“. Уредот ќе ја користи „Lollipop“ верзијата на оперативниот систем „Android“, додека за потребата на енергијата за работа ќе се погрижи батерија со капацитет од 2.540 mAh.
„LG G4c“ (LG-H525N) ќе биде достапен со сива, бела и златна боја, а во германските продавници ќе се појави на 5-ти јуни. Се очекува цената на овој уред да биде околу 279 eвра.