17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПретставен ZTE Nubia Z9 со нови уникатни можности (фото+видео)

Претставен ZTE Nubia Z9 со нови уникатни можности (фото+видео)

zte_nubia_z9_classic

Напорите на кинеските производители да се разликуваaт во светот на исклучително големата конкуренција, продолжува со полна сила.

Производителот „ZTE“ претстави нов модел – „Nubia Z9“ кој, благодарение на патентирана технологија, овозможува контрола на смартфон со притисок врз страничната рамка.

Смартфонот ќе се нуди заедно со верзиите – „Nubia Z9 mini“ и „Nubia Z9 Max“.

Тој е со 5.2-инчен екран со исклучително цврсто стакло, како и со резолуција од 1.080 пиксели. Екранот е опкружен со тенка „огледало“ рамка со дебелина 0,8 мм, која создава чувство на недостаток на граници. Во исто време рамката ќе се користи за управување на смартфонот.

zte_nubia_z9_execlusive

Со поминување на раката околу телефонот, на пример, ќе снима „скриншот“, а лизгање на прстите по рамката ќе се прилагодува осветленоста. Два прста на рамката ќе ја активираат камерата. Друга карактеристика на смартфонот е неговото метално куќиште.

Тој ќе има процесор „Snapdragon 810“, како и 3 GB RAM меморија. Овој уред има две камери – задната е 16-мегапикселна со оптичка стабилизација, а предната е со 8 мегапиксели со сензор од „Sony“ и широко аголна оптика. Батеријата е со капацитет од 2900 mAh, а за работата се грижи интерфејсот „Nubia UI 3.0“. Верзијата „Exclusive“ вклучува и специјална технологија за препознавање на отпечатоци, која се потпира на сензори во копчињата за вклучување и за контрола на звукот.

Прелиминарните нарачки за трите модели почнаа во Кина по цени од 3499, 3999 и 4499 јуани (500, 570 и 640 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП