21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUber со 3 милијарди долари ќе го стартува наддавањето за Here

Uber со 3 милијарди долари ќе го стартува наддавањето за Here

safet here

„Uber“ обично не прави превземања, а камоли да се впушти во војни со наддавање. Сепак алтернативата на традиционалните такси услуги упати понуда за купување на картографскиот пакет „Here“ на „Nokia“, тврди „The New York Times“ (NYT), повикувајќи се на анонимни извори.

Иднината на „Here“ е меѓу најжешките теми во оваа недела. Во средата „The Wall Street Journal“ соопшти дека европските производители на автомобили „BMW“, „Daimler“ и „Audi“ се здружуваат со кинескиот онлајн пребарувач „Baidu“, за да започнат офанзива за стекнувањето на овој картографски сервис. Ова ќе ги спречи другите технолошки компании, како „Apple“ или „Google“, за да обезбедат сопствените картографски пакети на некои од најголемите автомобилски компании во светот.

Дигиталната картографија несомнено е значителен бизнис во денешно време. Услугата „Here“, макар и не толку популарна, e главен конкурент на „Google Maps“ и би била од голема корист за „Uber“.

Картографскиот бизнис на „Nokia“ сепак држи над 80% од светскиот пазар на вградени автомобили системи за навигација и вложува стотици милиони долари секоја година за ажурирање на своите карти, кои опфаќаат од Њујорк до Њу Делхи. Централата на „Here“ е со седиште во Берлин, а во компанијата работат околу 6.000 луѓе низ целиот свет. Друштвото објави годишен приход во износ од 1,1 милијарди долари во 2014-та година.

Осврнувајќи се на тројца анонимни извори запознаени со понудата, „NYT“ наведува дека „Uber“ може ја купи „Here“ за приближно 3 милијарди долари.

„Nokia“ објави во април дека размислува за продажба на „Here“. Прогнозите се дека до крајот на овој месец финската компанија ќе го објави официјално новиот сопственик на картографскиот сервис.

Во моментов „Uber“ се потпира на „Google Maps“ за своето мапирање. Но со стекнување на „Here“, алтернативата на традиционалните такси услуги ќе може да има свој софтвер за картографски податоци, кој би помогнал на целокупната логистика на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП