17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПопуларната „тројка“ слави 40 години постоење (фото+видео)

Популарната „тројка“ слави 40 години постоење (фото+видео)

tr ojka

„ВMW“ вчера ја претстави редизајнираната верзија на актуелниот „Serieѕ-3“. Баварскиот производител ја искористи оваа манифестација со цел да одбележи еден важен јубилеј, а тоа е четири децении од лансирањето на првата генерација на овој модел.

Во изминативе 40 години „Seriеѕ-3“ беше за „BMW“ истото што е „Golf“ зa „Volkswagen“ – најпопуларниот модел во гамата.

Во знак на одбележување на 40 години на овој модел, „BMW“ објави кратко видео посветено на сите љубители во моделот „Serieѕ-3“:

Првата генерација, „E21“, е претставена во 1975-та година како замена за тогашните модели 1500 и 2002 купе.

Oвој автомобил имал каросерија на спортска лимузина, а се произведуваше во верзија со две врати. На почетокот, најмоќната верзија „320“ имала мотор со 109 ks.

tr ojka1

Веќе првата генерација на „Serieѕ-3“ се покажа како многу успешен модел, па така по шест години производство од погоните излезе милионитиот автомобил.

Наследникот се појави во 1982-ра година. Ова „BMW“ имаше посовремена и поелегантна линија. Во почетокот се изработуваше во верзија со две врати, за веќе во 1983-та да биде претставен модел со четири врати, а потоа и првиот кабриолет и караван од оваа серија.

tr ojka2

Втората генерација е значајна и потоа што во рамките на неа за прв пат беше лансирана и „M“ верзија на една „тројка“, но и шестцилиндарски дизел мотор.

tr ojka3

Моделот од третата генерација кој се појави во 1990-та година донесе нов, аеродинамичен дизајн и различна силуета, која се карактеризираше со закосена хауба и малку подигнат заден дел на автомобилот.

tr ojka4

Четвртата генерација се појави во 1998-ма година.

Oвој автомобил имаше идеален распоред на масата по осовините во однос 50:50.

tr ojka5

„BMW“ во 2005-та ја претстави петтата генерација на „Serieѕ-3“, со дополнително подобрени дизајнерски и технолошки решенија, благодарејќи на кои на авто-саемот во Њујорк ја доби наградата за Светски автомобил на годината.

tr ojka6

Последната, шеста генерација на популарната „тројка“ беше прикажана за прв пат во јавноста во октомври 2011-та во Минхен.

Во почетокот на мај 2015-та пристигна и редизајнирана верзија со цел да се прослави овој јубилеј.

Кој модел од историјата на „BMW Serieѕ-3“ Вам најмногу ви се допаѓа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП