1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШвајцарци подготвија одговор на Apple: Пристигнува нов часовник - HYT H3 (фото+видео)

Швајцарци подготвија одговор на Apple: Пристигнува нов часовник – HYT H3 (фото+видео)

HYT-H3

Заштитен знак на рекламните кампањи на „Apple“ часовниците е модерен и атрактивен дизајн, кој „Apple“ секогаш го поставуваше на водечката позиција во индустријата на часовници. Се чини дека овој пат добија сериозна конкуренција.

Кога часовникот го придвижува течност, се произведува во лимитирана серија од 25 парчиња и чини импресивни 270.000 евра, можеби епитетот „ексклузивен“ е благ за да го опише.

Компанијата „HYT“ и се претстави на јавноста во 2012-та година кога освоија и многу награди за иновации во светот на часовниците. Оттогаш нивните часовници пленат внимание ширум светот поради самиот импресивен дизајн, но и исто толку импресивната цена.

HYT-H31

И секако дека „Apple“ промоцијата на својот нов часовник ја направи речиси совршено. Сепак, новиот видео запис од „HYT“, луксузната швајцарска компанија која произведува часовници, докажува дека сепак можело и подобро. Видео записот го прикажува новиот модел на хидро-механички часовник именуван како „HYT H3“ кој изгледа како геџет од некој футуристички научно-фантастичен филмски хит.

HYT H3“ е изработен од титаниум и платина, а ремчето е од алигаторска кожа. Во горниот дел на бројчаникот се наоѓа уред кој придвижуваат два вида на течности. На шесте коцкички кои ротираат се прикажани сите 24 часа, а на нив ќе мора да гледате заедно со индикаторот со течност. Тој се полни кон левата или десната страна низ цилиндри и ја ротира временската скала.

HYT-H322

Во долниот дел на часовникот е механичкиот приказ на минутите и кога стрелката ќе дојде до крајот, таа автоматски се враќа на првата минута. Тука е уште и индикаторот за резервите на моќноста, односно ни покажува кога повторно ќе мора да го навиеме механизмот. Инаку, часовникот би требало да работи седум дена со едно навивање.

Часовникот ќе се произведе во ограничена серија од само 25 примероци и ќе биде достапен од месец септември.

Според информациите, цената на овој луксузен примерок е 270.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП