21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony со нов смартфон за „селфи“ фотографии

Sony со нов смартфон за „селфи“ фотографии

n sony 00

Јапонскиот производител на паметни телефони „Sony“ претстави нов модел од серијата „Xperia“ – „C4“, кој според цената спаѓа во средниот сегмент.

Моделот е одбновување на смартфонот од минатата година – „Xperia C3“, а е наменет главно за љубителите на популарните „селфи“ фотографии.

Тој се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели (подобрување во однос на резолуцијата од 720 пиксели на претходниот модел) и заситеноста од 400 точки по инч, како и 5-мегапикселна предна камера со широкоаголен објектив, овозможувајќи поквалитетни „селфи“ фотографии.

Смартфонот е со тежина од 147 грама, 64-bit осумјадрен процесор „Cortex-A53“ со фреквенција од 1.7 GHz. Оперативната меморија е од 2 GB, а внатрешната – 16 GB, која може да се прошири со картичка до 128 GB.

n sony 01

Предната камера располага уште со оптичка стабилизација и сензорите на „Sony“ – „Exmor R“ кои го зголемуваат квалитетот на сликите во слабо осветлена средина. Предната камера исто така е опремена со LED блиц.

Моделот располага уште со задна од 13-мегапикселна камера со автофокус. Батеријата на овој уред е од 2.600 mAh, а оперативниот систем – „Android 5.0 Lollipop“.

Според информациите, овој паметен телефон ќе се нуди во варијанта со две „SIM“ картички и се очекува да се појави на пазарот во почетокот на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП