16 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии од новото BMW Series-3 (фото)

Први фотографии од новото BMW Series-3 (фото)

trica

Први официјални фотографии на обновената верзија на „BMW Series-3“ откри изданието „Worldcarfans“, кое соопштува дека возилото ќе има јавна премиера на саемот во Франкфурт во септември.

trica1

Како што се очекуваше, моделот не добил сериозни промени во дизајнот. Главните новини, повторно минимални, влијаат на предниот и задниот браник, како и предните светла кои веќе имаат „LED“ секција. Новости има кај понудените бои, каде што ќе биде достапна металик сина „Mediterranean Blue Metallic“, која досега единствено можеше да се види на моделот „Series-2 Active Tourer“.

trica2

Ситуацијата во внатрешноста е аналогна, а таму промените се исцрпуваат со различниот дисплеј на климата и новите акценти на тапацирот на вратите и отворите за воздух.

Повеќето суштинските промени се под капакот на најпродаваниот модел на „BMW“. Во моментов е познато дека моделот „335i“ ќе се нуди под името „340i“. Тој ќе добие нов мотор од серијата „B58“ кој  развива 326 КС.

trica3

Се очекува, исто така, германската компанија да се откаже од модификацијата „328i“ и да ја замени со верзијата „330i“. Таа ќе биде опремена со агрегат од серијата „B48“, кој е современ и нуди поголема моќност.

trica4

Кај обновената „BMW Series-3“ ќе се појават уште 1,5-литарски бензински мотор „TwinPower Turbo“ и хибридна опција, во која се вклучени 2,0-литарски бензински агрегат, електромотор и комплет литиум-јонски батерии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП