26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТЕТЕКС АД-Тетово со позитивни резултати во првото тромесечие

ТЕТЕКС АД-Тетово со позитивни резултати во првото тромесечие

tet

ТЕТЕКС АД за периодот јануари-март 2015 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен Биланс на успех.

Оперативните приходи се зголемени за 20%, и тоа од 55.202 илјади денари во 2014 год. на 66.413 илјади денари во 2015 год.

Оперативните расходи бележат намалување во споредба со истиот период  2014 година за 8%, и тоа од 74.733 илјади денари на 68.815 илјади денари.

Оперативната загуба од 16.015 илјади денари во 2014 год. намалена е на 3.380 илјади денари во 2015 год.

Финансиските приходи (што се резултат од примена дивиденда од поврзаното друштво Петролгас ДООЕЛ) за овој период  изнесуваат 15.037 илјади денари, додека истиот период претходната година изнесуваа 44.159 илјади денари.

Заклучно со 31.03.2015 год. добивката изнесува 11.105 илјади денари; додека пак истиот период лани таа беше 26.778 илјади денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП