30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИма ли пари ЕУ да го отфрли рускиот гас?

Има ли пари ЕУ да го отфрли рускиот гас?

T

“Можно е Европа да се откаже од рускиот гас , но само со големи финансиски трошоци”, рече за време на дискусијата во организација на “Енергетскиот Сојуз на Австрија”, Хералд Штиндл, директор на подружницата на австрискиот нафтен концерн ОМВ- Гас Конект Австрија.

Сличен став изнел и Кирстен Вестфал од германската Фондација за наука и политика, експерт во енергетскиот сектор.

“Мораме да бидеме свесни дека можеме да имаме диверзификација, но ни треба консензус внатре во ЕУ, а тоа ќе биде скапо. Вртење грб на рускиот гас ќе има негативни последици во конкурентноста , а и во заштитата на животната средина доколку гасот би се заменил со јаглен”, предупреди таа.

“Економски тоа воопшто нема никаква смисла”, одговори Јоханес Полак од Институтот за високо образование, и додаде дека постои теоретска можност рускиот гас да се замени со течен нафтен гас, но Американците тој гас би го испорачувале по цена по која би ги навела Австријците, како што вели тој, подобро би ги сечеле своите шуми отколку да го користи тој гас.

Вестфал додаде дека и политичкото напуштање од рускиот гас не би имало смисла и дека со тоа ќе се изгуби и последната можност за обновување на разговорите со Русија.

“Да се преземе нешто против Русија нема ни геополитичка смисла. Меѓусебната зависност ја зголемува безбедноста”, уверен е Полак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП