12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЌе биде ли принуден Skype да се преименува?

Ќе биде ли принуден Skype да се преименува?

sky vs skype

Меѓу брендовите на британскиот радиодифузер „Sky“ и услугата за интернет телефонија „Skype“ постои можност за забуна. Така гласи одлука на Судот на ЕУ во Луксембург која беше објавена вчера (дело T-423/12, T-183/13 и T-184/13).

На овој начин судиите донесоа пресуда во корист на Европскиот патентен завод, кој одбива да го регистрира „Skype“ како бренд по протестите од страна на „Sky“.

„Sky“ го има регистрирано своето име пред „Skype“ и со тоа има постари права. Од каналот тврдат дека доколку слушнат „Skype“, корисниците може да ги доведе до забуна, дека станува збор за телевизија.

Според „BskyB“, имаат направено анкети меѓу публиката, со што го потврдуваат ова. Затоа телевизиската компанија го оспори користењето на трговската марка „Skype“ на територијата на ЕУ, Индија, Норвешка и Бразил.

Меѓу двете имиња има визуелна, аудио и концептуална сличност, сметаат судиите. На пример, луѓето ќе можат лесно да го згрешите зборот „Sky“ (небо на англиски јазик) со „Skype“. Освен тоа „Y“ во „Skype“ не се изјаснува пократко, како во „Sky“. Исцртани како облак форма на зборот „Skype“ во логото на компанијата дури го усложнува прашањето од гледна точка на судиите, бидејќи гледачот уште повеќе може да заскита и да се предизвика асоцијација со терминот „небо“ („Sky“).

На овој начин „Sky“ ги доби молбите да го брани името против терминот „Skype“. Сепак американската компанија може да ја обжали одлуката на инстанцата во Судот на Европската унија.

„Skype“ беше основан во 2003-та година од скандинавските софтверски програмери Никлас Зенстром и Јанус Фрис, а во октомври 2011-та година беше продаден за 8,5 милијарди долари на „Microsoft“. Британскиот радиодифузер поднесе судски постапки против интернет компанијата уште во 2005-та и 2006-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП