
Фамилијата на производиIntel® Xeon® Processor E7 v3 овозможува напредни перформанси и сигурност за аналитика во реално време и т.н „Mission-Critical“ компјутинг


Фамилијата на производиIntel® Xeon® Processor E7 v3 овозможува напредни перформанси и сигурност за аналитика во реално време и т.н „Mission-Critical“ компјутинг
Интел корпорацијата денес ја објави Intel® Xeon® processor E7-8800/4800 v3 фамилијата на производи, испорачувајќи забрзан увид во бизнисот преку аналитика во реално време и подобрени перформанси и сигурност за „mission-critical“ компјутинг.
Информациите за бизнисот во реално време се врвен приоритет на компаниите низ цел спектар на индустрии, од здравство, продажба, до телекомуникации, помеѓу другите. Потребата за рапиден увид во обемни податоци ја движи потребата за нови технологии за “in-memory” компјутинг, Гартнер верува дека заработката на овој пазар ќе изнесува повеќе од 9,5 милијарди долари до крајот на 2018 година, како и најмалу 50 отсто од големи организации да го применат “in-memory” компјутингот за да овозможат стратегии на дигитален бизнис.
Intel® Xeon® processor E7-8800/4800 v3 фамилијата на процесори им помага на потрошувачите безбедно да процесираат обемни податоци од системската меморија за побрзо донесување на одлуки и подобрена оперативна ефикасност, давајќи им на компаниите предност пред конкурентите.
„Во економијата на дигитални услуги, успехот или неуспехот можат да зависат од брзината на реакција и увидот кај обемни податоци. “ рече Дајен Брајант, постар заменик претседател и генерален менаџер на Data Center Group на Интел.„Intel Xeon processor E7 v3 фамилијата е адутот за забрзување на бизнисот преку аналитика во реално време, овозможувајќи им на бизнисите да го подобрат задоволството кај потрошувачите преку персонализирани производи и услуги, да генерираат нови приходи и да ја подобрат ефикасноста на работење.“
Вести и факти
Трансформирање на бизнис преку аналитика во реално време
Нипон Paint, еден од најголемите снабдувачи на боја во Азија, во моментов со користење на Intel Xeon процесор Е7 v2 и SAP HANA софтвер и анализатор може да го следи однесувањето на потрошувачите со поголема прецизност и да се забрза неговата способност да анализира и да дејствува врз податоци за оптимизација на синџирот на снабдување и маркетинг кампањи. “Прекуанализа во реално време, Нипон Paint е во можност да гиследи и анализира барањата на клиентите, како што се бои, стилови, дизајн и дизајнери, како и прилагодување на производи и услуги на специфичните потреби на клиентите”, вели Џастин Чен, CIO, Нипон Paint. “Анализата на податоци кои се користат може да потрае неколку денови и недели, а сега е достапна во реално време. Ние во моментов тестираме со нови системи базирани на Intel Xeon processor E7 v3 за да ги искористиме предностите на повисоки перформанси и сигурност, карактеристики и понатаму да се забрзаат податоците за увид на клиентите. ”
Цени и достапност
Intel Xeon processor E7 v3 фамилијата на процесори ќе биде понудена со 12 различни модели на процесори со распон на цената од 1,224 долари до 7,175 долари во количини од 1,000.
Целосен ценовник е достапен тука: http://intc.com/priceList.cfm.