10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКинеската алтернатива на Google Glass ќе чини 200 долари (видео)

Кинеската алтернатива на Google Glass ќе чини 200 долари (видео)

kinezi GG

„Allwinner“ e производител на евтини чипови од Кина и обезбедува процесори главно за евтините телефони и прифатливите лаптопи.

Како што можеше да се претпостави, компанијата сега сака да работи на нешто и надвор од производството на процесори и да изработи нешто сосема необично за нив.

Според информацијата која ја обајави „Giz China“, „Allwinner“ подготвува алтернатива на „Google Glass“ очилата кои ќе чинат околу 200 долари. Новите очила ќе го имаат „Allwinner A33 SoC“ кој може да се пронајде и во повеќето таблети.

Поради овој чекор, „Allwinner“ се здружи и со тајванската дизајнерска куќа „Coretronic“ со цел преносните уреди да бидат многу помодерни.

Очилата ќе имаат многу технологии кои ги има и „Google Glass“, a покрај тоа и „Wi-Fi“, „Bluetooth“, како и можност за гласовна контрола кога се поврзани со смартфон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП