5 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMercedes G-Сlasѕ зa 2016-та година (фото)

Mercedes G-Сlasѕ зa 2016-та година (фото)

6 g class

„Mercedes“ го освежи својот најдолговечен теренски модел на пазарот, а покрај козметичките промени извршени се и подобрувања на погонските системи.

Со оглед на дизајнот на надворешноста не е најважна карактеристика поради која вљубениците на „off-road“ возење веќе повеќе од 35 години предност и даваат на „Mercedes G-Сlasѕ“, моделот за 2016-та, претрпе минимални стилски промени.

6 g class1

„Mercedes G350d“ и „G500“ добија редизајнирани браници и проширени калници во боја на каросеријата на возилото, превземена е од „AMG“ верзија. Покрај тоа, моделот „G350d“ стандардно е опремен со 18-инчни алуминиумски бандажи.

Mercedes“ ја претстави и новата верзија на „G-Сlasѕ“ која ја има ознаката „AMG Edition 463“. Моделот е наменет за оние кои сакаат нивниот теренец да има спортски изглед, велат од германската компанија.

6 g class2

За ова возило е карактеристичен двобојниот ентериер – инструмент таблата и тапацирот, како и украсни детали кои „имитираат“ елементи од јаглеродни влакна.

Седиштата исто така се двобојни и се превслечени во кожа.

6 g class3

Долните делови од каросеријата се заштитени со плочи од нерѓосувачки челик, а вратите и страничните површини се алуминиумски лајсни во стилот на „AMG“.

„Mercedes G-Сlasѕ AMG Edition 463“ е опремен со алуминиумски бандажи од 21 инч.

6 g class4

Најважните промени на теренецот се скриени под хаубата.

Наместо досегашниот 5.5 литарски „V8“ мотор со 388 ks и 530 Nm, моделот „G500“ доби помоќен 4.0-литарски би-турбо „V8“ мотор кој „Mercedes“ неодамна го претстави на концептот „G500 4×4²“.

6 g class5

Овој мотор е во состојба да произведе 422 ks (310 kW) и 610 Nm максимален вртежен момент, кој е достапен помеѓу 2.250 и 4.750 o/min.

Од „Mercedes“ велат дека „G500“ сега забрзува од 0 дo 100 km/h за само 5,9 секунди.

Дизел верзијата, која според новата номенклатура ја има ознаката „G350d“, исто така доби дополнителна моќ.

6 g class6

Наместо 211 ks и 540 Nm, колку што имаше 3.0-литарскиот „V6“ дизел агрегат во претходниот модел, истиот мотор сега развива 245 ks (180 kW) и 600 Nm.

Дополнителните „коњи“ допринесоа „G350d“ од место до „стотка“ да стигне за 8.9 секунди.

И тоа не е се. „Mercedes“ ја засили дури и најмоќната, „AMG“ верзија. Освежениот „G 63“ испорачува 571 ks (420 kW), или 27 „коња“ повеќе од претходно, додека максималниот отпор остана ист (760 Nm).

Во врвот на понудата и натаму се наоѓа „G 65“, кој наместо претходните 612 ks сега развива 630 ks (463 kW), со максималниот вртежен момент кој достигна 1.000 Nm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар