18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft подготвува два нови смартфони од висока класа

Microsoft подготвува два нови смартфони од висока класа

mic dom

„Microsoft“ развива два нови смартфони од висока класа, кои се очекуваат оваа есен, објави онлајн изданието „Unleash the phones“. Уредите ќе се првите кои ќе можат да ги искористат до максимум можностите на „Windows 10“.

Моделите ќе имаат соодветно 5.2-инчен и 5.7-инчен дисплеј. Поголемиот ќе биде предводник со кодно име „Cityman“. Тој ќе користи осумјадрен процесор на „Qualcomm“, 3GB RAM меморија, 32GB внатрешна меморија со слот за дополнителна „microSD“ картичка. Камерата на задниот панел ќе биде 20 МР, а на предниот панел – 5 МР. Батеријата ќе има капацитет од 3300mAh и ќе може да се менува од страна на корисникот.

Вториот модел е со кодно име „Talkman“. Како неговиот „постар брат“ и тој ќе користи екран со 4K резолуција. Најголемите разлики со другиот модел се процесорот со шест јадра на „Qualcomm“ и батеријата која е 3000mAh. Според изданието, „Microsoft“ ќе се обиде да го направи куќиштето на „Talkman“ потенко од тоа на „Lumia 930“. И двата телефони ќе користат 64-битни процесори, ќе имаат троен „LED“ блиц за задните камери.

Смартфоните ќе добијат и некои специфични функции на „Windows 10“. Една од нив ќе е можноста да се пренесат повиците од телефонот на компјутер, додека тој користи „Windows 10“. Корисниците ќе можат да вршат повици од компјутер, како и да примаат и праќаат „SMS“ и кои ќе се пренесуваат преку смартфон.

Се уште нема информации дали телефоните ќе ја одржуваат и апликацијата „Continuum“ на „Microsoft“, што ќе им овозможи да се претвораат во персоналните компјутери и да се поврзуваат со монитор, тастатура и глувче. Се очекува смартфоните да бидат претставени наесен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП