10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигна нов таблет од Tesla

Пристигна нов таблет од Tesla

tesla tab

Компанијата „Comtrade“ денеска го претстави најмоќниот модел во својата „Tesla“ понуда, „Tesla Tablet H785“.

Неверојатниот екран, квалитетната изработка и врвните караткеристики го кадидираат за лидер во класата на таблети со екран од 7.85 инчи, порачуваат од компанијата „Comtrade“.

„Tesla Tablet H785“ има екран со резолуција од 2048×1536 пиксели, што е значително повеќе и од „Full HD“ стандардите за телевизори. Интензивното, а пријатно осветлување, овозможува лесно читање и под директно дневно светло, а „IPS“ технологијата обезбедува рамномерен поглед од секој агол, без промени во живописниот приказ на бои. Внимателно избран однос на страници, екранот е идеален за читање на различни содржини, како што се „PDF“ документи, електронски книги, интернет страни и останато.

Уредот доаѓа во комбинација на црна боја и нагласени сиви рабови, што му дава сериозен, високостилски изглед. Дијагоналата на екранот е од 7.85 инчи и однос на страници 4:3, допринесуваат за складен однос елеганција и преносливост, затоа што „Tesla Tablet H785“ одлично се прилагодува во рака, а сите тастери и приклучоци му се лесно достапни. Благодарејќи на алуминиумските површини, „Tesla Tablet H785“ е издржлив, лесен и не се загрева ниту под најголемо оптеретување.

Табелтот го одликува „Intel Bay Trail-CR Z3735F“ четиријадрен процесор, 2 GB работна меморија, како и „Android 4.4 KitKat“ оперативниот систем. Графиката е подобрена во однос на претходната генерација на „Tesla“ таблети, а помоќната 4300mAH батерија овозможува поголема автономија при само едно полнење.

tesla tab1

Tesla Tablet H785“ доаѓа со вградена 16 GB интерна меморија која се користи за оперативниот систем, исталацијата на апликации и снимените мултимедијални содржини. Доколку сакате дополнителен простор на располагање е „mikro SD“ слот кој поддржува картички со капацитет до 32 GB. Со „Tesla Tablet H785“ се испорачува и „USB OTG“ адаптер, па на него може да се приклучи и друга периферна опрема, како тастатура и глувче.

За лична навигација, „Tesla Tablet H785“ се потпира на „GPS“ кој поседува и можност за „AGPS“ за одредување на положбата. Нормално, „GPS“ работи и без „WiFi“ мрежа, па така може да се користи со помош на некоја од популарните програми, како „Here Maps“ или „Navigon“.

Најновиот „Tesla Android“ таблет доаѓа со „KitKat“ (Android 4.4.4) oперативниост систем кој одлично е оптимизирана за овој уред и овозможува брзо и течно одвивање на сите операции. Во соработка со производителот на екранска тастатура „SwiftKey“, овозможена е и многу подобра поддршка за пишување на јазиците од регионов, а со актуелната база на зборови и изрази, корисниците сега по желба можат да инсталираат и дополнителни јазици, целосно бесплатно.

„Tesla Tablet H785“ ќе започне да се продава од денес, 4-ти мај 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП