2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфон на Alcatel ќе се отклучува со препознавање на окото (видео)

Смартфон на Alcatel ќе се отклучува со препознавање на окото (видео)

on touch

Францускиот производител на паметни телефони „Alcatel“ го претстави новиот модел со можност за отклучување со скенирање на окото.

Моделот „Alcatel OneTouch Idol 3“ ќе користи биометриско препознавање „EyeVerify“ кое се нарекува „Eye-D“. Цената на моделот е 250 долари.

Предната камера, новиот предлог за поголема безбедност, ги скенира крвните садови на белиот дел на окото на корисниците со цел да го отклучи уредот. Системот „EyeVerify“ е различна од сличните системи за скенирање на мрежницата на окото.

on touch1

Според тестовите спроведени од изданието „Computer World“, системот за препознавање работи „прилично добро“, а успешно ги препознава корисниците дури и во слабо осветлена средина.

Смартфонот се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција од 1.080 пиксели. Тој може да се користи независно од начинот на кој го држите, благодарение на микрофоните кои се монтирани и на двата краја на екранот. Располага со 10 GB внатрешна меморија која може да се прошири со  картичка до 128 GB. Оперативната меморија на овој уред е од 2 GB.

И други производители претставија слични уреди со системи за „окуларно препознавање“. Во март, за време на саемот во Барселона, кинескиот производител на паметни телефони „ZTE“ го претстави својот модел „ZTE Grand S3“ со слична технологија. Овој модел сепак ќе биде достапен исклучиво на кинеските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП