24 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНовата BMW Series-7 ќе има спортска верзија со над 600 КС

Новата BMW Series-7 ќе има спортска верзија со над 600 КС

nova sedmicka

„BMW“ развива спортска верзија на новата генерација на својот „Series-7“. Таа ќе добие дополнителен пакет „M Sport“, се со цел да се натпреварува со „Audi S8“ и „Mercedes S63 AMG“, објави „Autobild“.

Продажбата на моделот ќе стартуваат во почетокот на 2016-та година, цените на оваа модификација ќе почнуваат од околу 140.000 евра за пазарите во Европа. Погонот на возилото е доверен на 4,4-литарски „V8“ мотор кој ќе развива моќност од над 600 КС.

Најмоќна верзија на новата „Series-7“ ќе се разликува по спортскиот преден браник со поголеми отвори за воздух, зголемените странични прагови, четирите цевки на издувниот систем и спортска суспензија.

Стандардниот „BMW Series-7“ исто така ќе се нуди во верзија со слична моќ – „760i“, но таа ќе биде опремена со 6,6-литарски „V12“. Најслабата модификација – „730i“, ќе се потпира на 2.0-литарски мотор со 4 цилиндри кој ќе развива 260 КС.

Автомобилот со индекс „740i“ ќе се нуди со 6-цилиндричен турбомотор со 330 КС, а тој со индексот „750i“ ќе добие „V8“ со 460 КС. Се очекува да има и дизел-хибрид со 272 КС, тврди германското издание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП