19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАJob Fair 2015 - Второ издание на Саемот за вработување и кариера

Job Fair 2015 – Второ издание на Саемот за вработување и кариера

saem vr3

Од утре до 7-ми мај во комплексот Технички факултети и на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се одржи второто издание на 11-иот по ред Саем за вработување и кариера ­ „Job Fair Vol.2“ кој е во организација на Бордот на eвропски студенти по технологија ­ БЕСТ Скопје.

Според огранизаторите, овој саем има за цел да им овозможи на студентите да остварат директен контакт со компаниите кои се во потрага по амбициозен и квалитетен работен кадар и да дојдат до работа или пракса во една од водечките компании во Македонија.

„Во деновите кои се предвидени за штандови, компаниите ќе ја изложат својата работа, цели и потреби во однос на бараниот кадар, а студентите ќе можат да се информираат подетално, да постават прашања или лично да си го претстават своето „CV“. Предвидени се и обуки и презентации од страна на професори и компании на најразлични теми на кои студентите ќе можат бесплатно да присуствуваат“, велат организаторите.

Студентите кои се заинтересирани може да се информираат за програмата и да го остават своето „CV“ на официјалната страница www.jobfair.org.mk, чија датабаза е достапна за компаниите и студентите во текот на целата година.

Првото издание од 11-иот Саем за вработување и кариера „Job Fair Vol. 1“ се одржа од 9-ти до 11­-ти март на Градежниот и Архитектонскиот факултет во Скопје. Саемот предизвика голем интерес кај студентите кои се запознаа со можностите за вработување и пракса кај повеќе успешни компании од земјата, велат од БЕСТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП